угледа се | св.

Земе некого или нешто за пример. Тој се угледал на соседот, па и тој купил телевизор. Угледај се на сестра ти!

угледен | прид.

Што има углед, авторитет, што е почитуван, ценет. Угледен професор. Угледен граѓанин. Угледна фамилија. Угледни личности. Угледно списание.

угледник | м.

Тој што има углед, што ужива углед, прв во својата средина. Нашите угледници реагирале на ваквите случувања. Општествената позиција што ја зазема овој наш угледик е на доста високо ниво.

угнетен | прид.

Што е угнетуван, експлоатиран. Угнетени народни маси. Угнетен наемник.

угнетува | несв.

Врши насилство, силен, груб притисок, потиска, експлоатира. Тој ја угнетуваше жената. Окупаторот го угнетуваше населението.

угнетувач | м.

Тој што угнетува, што експлоатира. Вековни угнетувачи на народот.

угоден | прид.

Што е пријатен за сетилата, што носи чувство на задоволство. Угоден живот. Угодна постела. Водеа угоден разговор.

угоди | св.

Направи нешто по нечија желба. Таа прави сè да му угоди на мажот. Девојката се растрча да му угоди. Тој знае да ѝ угоди на својата сакана.

угодлив | прид.

Што сака да им угодува на луѓето. Угодлива продавачка. Угодливо момче.

угодник | м.

(црков.) Тој што е посветен на бога, праведник, светец. Божји угодници.