фабулира | св. и несв.
Создаде, создава фабула. Романот го фабулира со леснотија. Фабулира дејство. Фабулира расказ.
фабулозен | прид.
Што е како во фабула, неверојатен, чуден, необичен.
фаворизација | ж.
Поткрепување некого или нешто од лична наклоност. Не покажуваше склоност кон фаворизација на никој од кандидатите. Фаворизацијата на таа идеја го однесе во погрешен правец.
фаворизира | несв.
Поткрепува, дава предност некому или на нешто од лична наклоност. Обајцата ги фаворизира за членови на Управниот одбор. Тие мажи го фаворизирале својот пол.
фаворизирачки | прид.
Што фаворизира. Фаворизирачки однос.
фаворит | м.
Некој или нешто што има најмногу изгледи да победи на некој натпревар или конкурс. Таа песна се смета за фаворит на конкурсот. Фаворитот на трката пристигна трет. Кој е твој фаворит на натпреварот?
фагот | м.
Дрвен дувачки музички инструмент со длабок звук. Свири на фагот.
фаготист | м.
Музичар што свири на фагот. Настапија двајца фаготисти.
фаза | ж.
Одделен степен во развојот на нешто, етапа, стадиум. Нова фаза. Тешка фаза. Минлива фаза. Во која фаза е неговата болест?
фазан | м.
Вид ловна птица од родот кокошки со потекло од Западна Азија; Phasianus colchicus. Црнозлатен фазан. За ручек носеше фазани.