филозофира | несв.
Се занимава со филозофија, размислува за филозофски прашања.
филозофија | ж.
а) Наука за најопштите закони за развитокот на природата, на човечкото општество и на мислењето. б) Учењето на некој филозоф. Филозофијата на Кант.
филозофски | прид.
Што се однесува на филозофија 1 и филозоф Филозофски факултет. Филозофска категорија. Филозофско прашање.
филоксера | ж.
(зоол.) Инсект, лисна вошка што го напаѓа листот и коренот на виновата лоза; Phylloxera vastatrix.
филолог | м.
Тој што се занимава со филологија.
филологија | ж.
Севкупност од научни дисциплини што ја изучуваат културата на еден народ изразена преку јазикот и литературата. Класична филологија. Словенска филологија. Романска филологија.
филолошки | прид.
Што се однесува, што припаѓа на филолог и филологија, што е заснован на методите на филологијата. Филолошки факултет. Филолошки испитувања.
филтер | м.
(техн.) Прибор, направа или материја за прочистување на течности, гасови и сл. Цигари со филтер. Филтер за кафе. Филтер за масло. Филтер за воздух.
филтер-хартија | ж.
Специјална порозна хартија за филтрирање.
филтрат | м.
Течност што поминала низ филтер.