формализира | св. и несв.
Направи, прави нешто да добие форма, да стане официјално; официјализира. Го формализираа договорот со потпишување на актите.
формалин | м.
Дезинфекциско средство со остра миризба. Формалинот се употребува за дезинфекција на авиони и вагони.
формалист | м.
Приврзаник на формализмот.
формалистички | прид.
Што се однесува на формализам и на формалист. Формалистички однос. Формалистичко расчистување на работите.
формант | м.
Дел од зборот што служи како средство, елемент во зборообразувањето.
формат | м.
Размер (во должина и широчина) на лист од хартија, книга, весник, слика и сл. Списанието се печати на ист формат со иста техника. Голем формат. Среден формат.
формација | ж.
Образување, форма, градба, состав, структура. Новата стилска формација ги користеше достигањата на претходните. Големата пештера се наоѓаше во формацијата на бочната карпа.
формира | св. и несв.
Даде, дава форма, вид на нешто; изгради, изградува, развие, развива, оформи, оформува. Уште од рана возраст детето го формира карактерот. Тогаш тој го формира своето мислење за него. Подоцна тој формира семејство.
формула | ж.
Краток и точен зборовен израз што содржи некаква вистина, законитост и сл., определба на нешто; правило, образец, стереотипна фраза, усвоен начин на изразување.
формулар | м.
Стандарден документ, отпечатен образец за пополнување.