фама | ж.
Лош глас што се шири. Проблематична е фамата за хаосот во претпријатието. За тој човек се ширеше голема фама.
фамилен | прид.
фамилија | ж.
(разг.) семејство.
фамилијарен | прид.
Што е во врска со фамилијата. Фамилијарен живот. Фамилијарни фотографии. Фамилијарна преписка.
фамозен | прид.
(ирон.) Што е многу познат по своите особини, нашироко зборуван, всушност што не е таков каков што го зборуваат. Фамозен уметник.
фан | м.
Почитувач на нешто или на некого (спортски клуб, натпреварувач, пејач и сл.). Евровизиски фанови. Фанови на некој поп пејач.
фанариот | м.
Грци од цариградскиот кварт Фанар (Фенер), угледни и богати семејства во Цариград, подоцна назив за сите Грци во Турција.
фанариотство | ср.
Особина, дејствување на фанариотите. Се пројавува неговиот отпор против грцизмот, односно фанариотството.
фанатизам | м.
Неразумна преданост на некоја идеја, партија, личност итн., силно изразена занесеност, заблуденост. Верски фанатизам. Политички фанатизам. Во својот фанатизам уништувале културни споменици.
фанатизира | св. и несв.
Направи, прави некој да стане фанатик. Тој настан ја фанатизира нејзината посветеност во добротворните организации.