Хаваи | и.
Архипелаг и сојузна држава на САД во Тихиот Океан.
Хавана | ж.
Главен град на Куба.
хаварија | ж.
Оштетување, дефект на направа или објект (машина, авион, брод, хала, погон).
Хаг | м.
Град, административен центар на Холандија.
хагиограф | м.
Тој што пишува хагиографии.
хагиографија | ж.
Животопис на светец.
Хадсонов Залив | м.
Залив на северниот брег од Канада.
Хазар | м.
Припадник на средновековен народ во Азија.
хазард | м.
Игра на среќа, коцка; комар2.
хазарден | прид.
Што се однесува на хазард.