цврчка | несв.

цевка | ж.

Шуплива направа во вид на валјак од различен материјал и со различна големина, служи за спроведување на нешто. Одводна цевка. Водоводна цевка. Пластични цевки.

цевчест | прид.

Што личи на цевка. Цевчеста коска.

цегер | м.

Плетена торба за на пазар; зембиљ. Во цегерот носеше овошје.

цедалка | ж.

Кујнска направа чие дно е мрежесто или издупчено со многу ситни дупчиња низ кои се цеди некаква течност (чај, млеко и сл.). Пластична цедалка.

цеди | несв.

Пропушта течност низ нешто, обично цедило, за да се прочисти. Го цеди чајот. Го цедеше млекото.

цедилка | ж.

цедалка.

цедило | ср.

Ретко ткаено платно за процедување млеко, сирење и сл. Сирењето се цедеше во цедилото. Од цедилото капеше сурутка.

цезура | ж.

(поет.) Ритмичка починка, пауза среде стих од повеќе стапки. Во оваа песна стихот е осмерец со цезура по петтиот слог.

цекин | м.

Златна пара што некогаш се користела во Италија. Ќесе со цекини.