цацар | м.
Вид грав со ситни зрна.
цацка | несв.
За дрва ‒ ситни, сече на ситни парчиња; цепка. Цел ден ги цацкаше дрвата.
цацко | м.
Ѓавол, враг, сатана, зол дух. Ме натера цацко и се скарав со брат ми.
цајтнот | м.
Во шахот ‒ недостиг на време за размислување за натамошниот тек на играта што се јавува кога играчот на крајот од петтиот час нема повлечено четириесет потези. Се најде во цајтнот.
цванцик | м.
Стара австриска сребрена пара. Во џебот имаше неколку цванцици.
цвекло | ср.
Едногодишно градинарско растение со големи долгнавести листови и тркалезен, сочен, црвен корен што се користи во исхраната на човекот; Beta vulgaris. Сок од цвекло. Салата од цвекло.
цвекне | св.
Пушти силен метален звук, цакне, ѕвекне. Парите цвекнаа на бетонот.
цвет | м.
(бот.) Дел од растение што се состои од зелена чашка со цветни листови, плодник и толчник и служи како орган за размножување; цут. Јаболков цвет. Лотосов цвет. Црвени цветови.
цвета | несв.
Развива, пушта цвет; цути. Цвета јоргованот. Цветаат липите.
цветеж | м.
Цветање. Пролетен цветеж.