чекмеџе | ср.

Плитко ковчеже со фиока место капак за чување пари. Од чекмеџето извади една лира.

чековен | прид.

Што се однесува на чек. Чековна книшка.

чекор | м.

Наизменично движење на едната и другата нога при одење. Грациозни чекори. Бавни чекори. Брзи чекори. Направи два чекора.

чекори | несв.

Прави чекори, се движи чекор по чекор, е во од. Брзо чекори по патот. По улиците чекореа ретките минувачи. Чекорев горе-долу по патеката. Бригадата бавно чекореше кон стражарницата.

чекорница | ж.

Музичка композиција во такт и ритам на чекорење при колективно движење на воени единици, на свечена или погребна поворка;

чекрек | м.

родан.

чекулец | м.

Дел од самарот за кој се закачува ортомата. Тој ја одврза ортомата од чекулецот и ја симна вреќата пченица.

чекутина | ж.

Назив за треви со клас и осилки и за полегнато, ниско жито. Таму не можела да жугне ни дива чекутина.

чекутка | ж.

Клас од трева или од жито што не родило.