челад | ж.
Децата во едно семејство. Имаше само машка челад. Женска челад. Се стори мајка, со своја челад.
челадија | ж.
Децата во една фамилија. Ја сместиле челадијата по куќите. Ја гледаше својата челадија и се радуваше.
челебија | м.
Господин, особено млад.
челен | прид.
Што се однесува на чело. Челна коска.
челенка | ж.
Вид војничка ознака, накит обично од сребро, монистра, синџири и др. што се носи на калпакот, на бајракот и сл. како награда за покажано јунаштво, еден вид признание, одликување.
челик 1 | м.
Многу тврдо железо, добиено со посебен начин на обработка на железото. Фабрика за челик. Кален челик. Челик со висок квалитет.
челик 2 | м.
Дрвце косо засечено на двата краја направено така за игра. Противничката екипа го фати челикот. Челикот летна преку детските глави и испружени раце.
челиков | прид.
Што е направен од челик1. Порти челикови. Копја челикови.
челист | м.
Музичар што свири на чело, виолончело.
челичана | ж.