јанќесеџилак | м.

Разбојништво, арамилак.

јанлаш | прил.

јановденче | ср.

Вид цветно растение со ситни бели цветчиња што цвета на Јанов ден (Иванден), во јули; Galium odoratum.

јанта | ж.

Овчарска кожена торба.

јантар | м.

Скаменета смола од прастари иглолисни дрва, обично проѕирна, со боја од бледожолта до темноцрвена, од која се изработува накит, делови од медицински инструменти и сл.; Прстен со јантар.

јануари | м.

Првиот месец од календарската година; коложег.

јанџик | м.

Кожена торба.

јапанџак | м.

Дел од облека за заштита од дожд;

јапија | ж.

Дрвен градежен материјал.

Јапонија | ж.

Држава во Азија.