јари се | несв.
За коза ‒ роди јаре; .
јарина | ж.
Волна од јагне или од овца при повторното стрижење.
јарица | ж.
Млада кокошка која сè уште не почнала да несе јајца;
јарка | ж.
јарма | ж.
Брашно за добиток сомелено на јадро. За воловите донесоа слама и јарма.
јарост | ж.
Состојба на тој што е јаростен, лутина, бес, гнев. На неговото лице се читаше јарост.
јаростен | прид.
Разбеснет, гневен. Јаросен поглед.
јас | зам.
Лична заменка за прво лице еднина; се употребува за да се означи говорното лице. Јас сум студент. Јас го поканив да дојде. Јас не реков ништо.
јасен | м.
Листопадно дрво со сивкаво-зеленикава кора и со издолжени лисје погодно за обработка за повеќе намени; Fraxinus.
јасен | прид.
Сјаен, светол. Јасно сонце. Јасна месечина. Јасен божилак.