јава | ж.
Стварност, реалност, будност; состојба спротивна на сон. Соништата ќе станат јава. Меѓу сонот и јавата.
јава | несв.
Се движи качен на животно (коњ, магаре и сл.) Продолжија да јаваат понатаму. Јаваа на арапски коњи. Само тој може да го јава овој коњ.
Јава | ж.
Остров во Индонезија.
јаваница | ж.
јавање_2 Коњ на кој кираџијата го товари својот багаж и самиот го јава.
јавање | ср.
Глаголска именка од јава.
јавач | м.
Лице што јава. Коњот го почувствува бесот на својот јавач. Коњот го отфрли јавачот.
јаваш | прид.
прид. За тутун ‒ мек.
јавашлак | м.
Мрзливост, неуредност, немарност. Беше лут поради јавашлакот или намерното изоставање.
јавашлив | прид.
Тромав, мрзлив, немарен. Јавашлив од.
јавашлија | прид.
Тромав, мрзлив, немарен.