јаболкница | ж.
Овошно дрво со тркалезни или јајчести назабени листови, бели цветови и со тркалезни, месести и сочни плодови, црвени или жолти, поретко и зелени, со благ или киселкав вкус; Malus. Расцветана јаболкница.
јаболко | ср.
(бот.) Плод од јаболкница. Сочно јаболко. Кисело јаболко. Зелени јаболка.
јаболкобер | м.
Собирање, берба на јаболка.
јаболков | прид.
Што е од јаболкница или од јаболко. Јаболков цвет. Јаболков оцет.
јаболкце | ср.
Дем. од јаболко.
јаболчарник | м.
Место насадено со јаболкници.
јаболчен | прид.
Во изразот јаболчна коска.
јаболчест | прид.
Што личи, што има форма на јаболко. Јаболчесто лице.
јаболчица | ж.
(анат.) Поиздаден дел од лицето, под очите; јаболко_3. Бледи јаболчици. Румени јаболчици.
јаболчиште | ср.
Аугм. од јаболко.