ќафир | м.

Неверник, каурин.

ќај | м.

Леб замесен со маја од наут, составен од повеќе парчиња во форма на квадрат, во средината исполнети со сирење, кои одделно се продаваат.

ќаја 2 | м.

а) Главен овчар. б) Сопственик на многу овци, богат сточар.

ќајџија | м.

Тој што прави ќај, ќаја.

ќе | чест.

Честичка за образување идно време, минато-идно време и идно прекажано време. Ако не побрзам, ќе задоцнам на состанокот.Јас ќе го зготвам ручекот. Ќе да беше полноќ кога се враќаше од полето.

ќебап | м.

Јадење од дробенки месо, варено или печено на ражен.

ќебапче | ср.

Мелено месо обликувано во мала валчеста форма и испечено на скара.

ќебапчилница | ж.

Гостилница во која се печат и се продаваат ќебапчиња.

ќебапчиски | прид.

Што се однесува на ќебапчија. Ќебапчиски дуќан.