ќесеџија | м.

Друмски разбојник, насилник.

ќесија | ж.

Вреќа.

ќесим | м.

Закуп, наем. Ја зеде нивата под ќесим.

ќетен-алва | и.

Вид алва што се прави зимно време од сварен шеќер и брашно и што личи на ленени нитки.

ќеф | м.

Желба, волја, барање. Направи му го ќефот. Не ми е по ќефот.

ќефил | м.

Жирант.

ќефледиса | св.

Орасположи, направи да биде весел.

ќефлија | прид.

Што е добро расположен, весел. Тој е секогаш ќефлија.

ќече | ср.

кече.