ќешки | чест.

За изразување жалење, незадоволство што се случило нешто; камо да, поарно. Ќешки да дојдев.

ќоле | ср.

(арх.) Слуга, роб. Го зел кај себе да му биде ќоле.

ќопав | прид.

Што куца при одење; куц.

ќопек | м.

Куче, пес.

ќор | прид.

а) Што не гледа добро на едното око, што слабо гледа. б) Што е лишен од сетилото за вид; слеп.

ќорав | прид.

ќорави | несв.

Ослепува на едното око.

ќорлеме | прил.

Како слепец, слепечки. Одеше ќорлемечки по патот.

ќоро | ср.

Згоден случај, поволна околност за нешто (заработка, добивка итн.).