Резултати за пребарувањето: Свети
свети | прид.
Само во состав со име на светец; 2: свети Илија, свети Никола, свети Трифун, свети Климент.
свети 1 | несв.
Излачува, пушта светлина. Сонцето свети. Месечината свети. Ламбата сè уште свети.
свети 2 | несв.
Со религиозни обреди и молитви подложува на осветување вода, масло и сл. Сите светеа вода во куќите за големиот празник. Попот светеше масло за болниот.
светии
Зборот е поврзан со:
освети | св.
Направи со извршување црковен обред, нешто (вода, црква, куќа и сл.) да биде свето. Владиката ја освети оваа црква. Попот ја освети водата и потоа сите поминуваа редум да се замијат и да се напијат за здравје.
засвети | св.
Почне да свети, да дава светлина. Сонцето силно засвети. Ламбата му засвети во очите.
посвети 2 | св.
Изврши црковен обред на осветување.
светија | м.
посвети 3 | св.
Свети малку, некое време. Посвети ми да отклучам.
посвети 1 | св.
а) Се предаде, оддели целосно внимание на некого или нешто, на некаква дејност. Сиот свој живот го посветила на згрижување на децата. Целиот утрешен ден ќе го посветам на посети.