Резултати за пребарувањето: авка

авка | несв.

За куче – испушта специфичен звук, лае со смален интензитет. Во дворот авкаа кученцата.

џавка | несв.

За куче, пес – лае често и испрекинато. Во бачилото џавкаат пците.

мавка | несв.

јавка | ж.

(воен.) Договорен таен збор или реченица што се употребува во стражарската служба или во конспиративни активности, лозинка, знак за препознавање. Не јавувај се на ништо освен на јавката. Ја пренесе јавката.

павка | несв.

Прави повторливи слаби движења со нешто. а) Мавта. Девојката павкаше со ладалото. Птицата павкаше со крилјата. б) Тресе, растресува. Домаќинката ги павкаше чаршафите, перниците.

чавка | ж.

Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки.

жавка | несв.

лавка | несв.

Кучето лавкаше меѓу дабјето.

мравка | ж.

Мравки го полазија. Ситни мравки. Вреден како мравка.