Резултати за пребарувањето: а

Одра | ж.

Река во Источна Европа.

рила | несв.

Обично за лозје ‒ копа длабоко. Утре ќе го риламе лозјето. Пред да ја садиме бавчата, ја риламе.

кали | несв.

Дава на железото, челикот голема тврдост, цврстина, издржливост со негово загревање на висока температура и брзо, нагло ладење во вода.

паѓа | несв.

падне.

габа | ж.

Организам што наликува на ниско растение без листови, со кусо стебло и врв во форма на шапка; печурка; Fungus. Отровна габа. Габа за јадење. Супа од габи.

рода | ж.

Род, роднини, луѓе блиски по род; Тие се моја рода. Ние сме блиска рода.

плат | м.

(дијал.) ткаенина.

пена | ж.

Меурчиња што се образуваат по површината на некоја течност при механичко или хемиско дејство (турање, маткање, вриење, варење итн.). Морска пена. Мирислива пена. Бела пена над брановите. Пена од пиво. Вино со пена. Пена од сапун.