Резултати за пребарувањето: а

педа | ж.

а) Растојанието од врвот на палецот до врвот на малиот прст, при раширена дланка. б) Ова растојание кое изнесува околу 15 см како мерка за должина. Помалку од педа. Појас широк колку една педа. Тој е три педи повисок од тебе.

пила | ж.

Направа со назабено челично сечило за сечење дрва со движење напред-назад. Рачна пила.

каса | ж.

а) Кутија или шкаф, обично од метал за чување на пари и други скапоцености. Ја отвори железната каса во која чуваше злато, меници, накит и други скапоцености. б) Направа во којашто се регистрира наплатата од одделни продукти, се пресметува вкупниот износ и се издава белешка. Фискална каса.

раѓа | несв.

а) За жена ‒ донесува на свет дете, добива рожба; станува мајка. Жените треба да раѓаат повеќе деца. Раѓа близнаци. б) За животно ‒ донесе на свет младо животно.

кима | несв.

Со движење на главата изразува согласување или незадоволство, загриженост и сл.; поздравува со такво движење на главата. Тој ги одобруваше неговите зборови кимајќи со главата. А господинот при поздрав само учтиво кимаше со главата.

пасе 1 | несв.

За животно ‒ јаде трева на пасиште, на ливада и сл., се храни со трева, со растителност. Стадото пасело во коријата. Коњите пасеа по ливадата.

заре | сврз.

Ако спиеш, разбуди се зер ти идат добри гости

кова | несв.

риџа | ж.

Молба. Голема риџа ти чиниме. Никаква риџа не прифаќаше.