Резултати за пребарувањето: а
набуи | св.
Бујно порасне, нарасне. Снагата му набуи. Набуени гради. Набуила тревата. Набуија реките.
чадор | м.
Прирачна направа од жици и платно што штити од дожд или од сонце. Машки чадор. Женски чадор. Чадор за сонце.
чапја | ж.
Преселна птица што живее на блатно земјиште, бела или сива, слична на штрк; Ardea.
чавка | ж.
Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки.
чабав | прид.
Што е ветов, поцрнет, потемнет, покриен со саѓи, исчаден. Чабав кожув.
чаден | прид.
Што бил изложен на чад. Чадени колбаси. Чадено месо.
чапла | ж.
читак | м.
Погрден назив за Турчин во времето на Отоманската империја. Да си ја видиме сметката со читацине.
цутка | ж.
цутар | м.
Старо, народно име за месецот март.