Резултати за пребарувањето: а

цупка | несв.

Потскокнува, подрипнува. Детето цупкаше по тревата.

цуцка | несв.

Потскокнува, подрипнува. Цуцка по патот.

чабав | прид.

Што е ветов, поцрнет, потемнет, покриен со саѓи, исчаден. Чабав кожув.

чавка | ж.

Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки.

фазла | прил.

Отповеќе, повеќе од определеното, од потребното. Фазла пари. И не ми рече (таа) ниту еден лаф фазла. Јас немам фазла животи.

чадор | м.

Прирачна направа од жици и платно што штити од дожд или од сонце. Машки чадор. Женски чадор. Чадор за сонце.

надеж | ж.

Душевна состојба на очекување, на верување дека ќе се случи, ќе се исполни тоа што се очекува. Надеж за подобро здравје. Надеж за голема добивка. Има надеж. Изгуби надеж. Последна надеж. Лажна надеж.

надир | м.

Спротивна точка на зенитот, која се наоѓа на долната небесна полутопка.