Резултати за пребарувањето: а
цуцка | несв.
Потскокнува, подрипнува. Цуцка по патот.
цуцка | ж.
Пувка (на птица). Птица со цуцка.
цепка | ж.
цеп.
делба | ж.
Постапка со која нешто се дели; делење, поделба, определување дел. Делбата на покуќнината се вршеше со големо спокојство. Јас не сум видел досега толку делби во едно село.
цигла | ж.
чавка | ж.
Вид птица со црно-сиви пердуви, со големина на гулаб; Corvus monedula. Јато чавки.
чаден | прид.
Што бил изложен на чад. Чадени колбаси. Чадено месо.
гнома | ж.
Мудра изрека, сентенција, поука.
делач | м.
Тој што дели (карти, јадење и сл.). На делачот оптегачот!
јазик 2 | м.
(лингв.) Систем од гласовни, речнички и граматички средства и правила што им служи на луѓето за изразување на своите мисли и чувства во меѓусебното општење.