Резултати за пребарувањето: а

уа! | изв.

Извик за изразување негодување против некого. Децата му викаа уа, уа, не можеше по улица да помине. Уа! Ти мори коконо!

ута | ж.

ута | несв.

За ут ‒ испушта глас. Утот ута.

лак 1 | м.

(мат.) Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки. На небото се појави шарениот лак на виножитото. Лакот на арката е премногу ниско поставен.

раб 2 | м.

Божји слуга, човек предан на бога.

чап 1 | м.

Дрвен клин на разбој што служи за затегнување.

апс | м.

Затвор. А мене ме држеа по цел месец в апс секоја година.

аџи | претс.

Збор што се става пред името за означување дека се работи за човек што бил на аџилак.

шал | м.

Дел од облеката, еден вид шамија, обично со правоаголна форма, најчесто плетена за заштита на вратот, главата и рамената или за украс. Црвен шал. Волнен шал. Свилен шал рачно изработен.

шах 2 | м.

Спортска игра што се игра на 64 полиња (32 бели и 32 црни) и по шеснаесет црни и бели фигури. Секоја вечер играат шах. Натпревар во шах.