Резултати за пребарувањето: а

шалаг | м.

Дел во составот на јајцето, дел од белката со повидлива структура. Шалазите се составен дел од јајцето.

скама | ж.

Пена од сапун, сапуница.

колар | м.

Занаетчија што прави и што поправа запрежни коли, кочии. Коларот ми ја поправи чезата.

шаман | м.

Свештеник кај некои народи (Монголци, Татари и некои верски движења во Јужна Америка). Шаманите го изведуваат својот утрински ритуал.

зелка | ж.

Вид градинарско растение со ниско стебло од кое излегуваат густи, сочни листови, налегнати еден врз друг во вид на топка; Braccica oleracea.

кимка | ж.

Желба, намера за одмазда некому; желба да се напакости. Имам кимка на него.

калај | м.

Хемиски елемент, метал со сребренобела боја што се употребува за обложување на метални и др. предмети; симбол Sn.

кимка | несв.

скара | св.

Предизвика недоразбирање, караница меѓу две или повеќе лица. Братучедот подло ги скара браќата. Таа работа ги скара двајцата пријатели засекогаш.