Резултати за пребарувањето: а

пар | м.

Два предмета што се користат истовремено, имаат иста функција, или пак се сметаат за цело; рало, чифт. Пар волнени чорапи. Два пара црни чевли.

пад | м.

а) Движење одгоре надолу кон земјата под дејство на сопствената тежина, паѓање. Падот на авионот се случил во водите на океанот. Падот на стаклената чаша го исплаши детето. б) Паѓање поради губење рамнотежа, при трчање и сл. Се струполи човекот, писок и извик го проследија падот.

боа | ж.

Вид змија, змиски цар; Boa constrictor. Околу вратот на животното беше замотана боа.

наш | зам. прид.

Што ни припаѓа нам. Нашата куќа. Оваа кола е наша.

нар 2 | м.

Легло од штици наредени на дрвени ногалки. Седнаа скрснозе на наровите и ги зачадија чибуците.

так | м.

Билијардски стап.

маж | м.

Возрасно лице од машки пол. Децата не ги примаа војници, само мажите. Порасна детето, стана маж.

гуна | ж.

Селска топла горна облека сошиена од шајак. Нашиот селски терзија шиеше селски гуни, џамадани, бечви и др.

гука | несв.