Резултати за пребарувањето: а

мисла | ж.

Дејност на умот; мислење, размислување. Човечка мисла.

капач | м.

Тој што се капе во река, езеро и сл. Многу капачи се нуркаа во езерото. Капачите седеа на песокта.

молба | ж.

Писмено барање да се изврши нешто или да се задоволи некоја потреба. Молба за вработување.

ровја | ж.

Гром, секавица, молња; рофја. Се чу далечен татнеж на ровја. Трештила ровја во дабот на ритчето. Ровји трескотеа некаде близу.

млака | ж.

Бара, мочуриште; макла.

рипач | м.

Лице што рипа, што е добар во рипање; скокач.

капак | м.

Предмет, направа со која се затвора некаков сад, поклопка. Го кренав капакот од тенџерето. Не можеше да го отвори капакот на теглата.

раван | м.

Начин на одење на коњ, при кој се чекори истовремено прво со двете десни нозе, а потоа со двете леви, независно од тоа дали чекори или е во кас.

рабуш | м.

Во минатото ‒ стапче за бележење на сметката при купување, разделено по должината на два дела, за продавачот и за купувачот, кои при купувањето се составувале и со зарежување преку двата дела се бележела сметката (вересијата). Ги бележи туѓите долгови на рабуш и трпеливо чека. Никој не сакаше да најде место на неговиот рабуш.