Резултати за пребарувањето: а
трема | ж.
Треперење на снагата, силна, трескава возбуда поради неизвесен исход, страв пред испит, настап и сл. Несовладлива трема. Рацете му се тресеа од трема. Тој успеа да ја победи тремата пред музичкиот настап.
вежба | ж.
Повторување на некое дејство заради физичко или интелектуално усовршување. Во неделата имавме гимнастичка вежба пред народот.
одвај | прил.
едвај Одвај заспав синоќа. Одвај стоеше на нозе. Одвај чекореше.
ваков | прид.
Што е како овој. На свое место ќе ги истакнеме и другите вакви несоодветства.
слави | св.
Оддава признание, воздигнува некого или нешто; прославува. Македонскиот народ ги слави своите борци за слобода. Војводата го слават во народни песни.
здрав | прид.
За живо суштество – што има нормални животни функции; што се одликува со здравје. Здраво дете. Здраво срце. Здраво и вакцинирано куче.
сласт | м.
Нешто што е слатко, вкусно, пријатно; сладина. Со сласт помислува на вечерашната средба. Устата му се исполни со сласт и благост. Ја допушува цигарата без сласт.
слава | ж.
(само едн.) Сеопшто признание на нечии залуги, квалитети, заложби за општо добро или општествено признат авторски труд. Стекна слава борејќи се за слободата на својот народ. Се здоби со светска слава со својот последен роман.
здола | прил.
Под површината на нешто; одоздола. Озгора носеше палто, а здола кошула. Во торбата здола ги стави компирите, а врз нив доматите. Децата спиеја на креветчиња на кат, постариот згора, а помалиот здола.
здрач | м.
Зрак, светлина. Темната ноќ се претвораше во модар здрач. Тенок здрач се појави низ подотворената врата.