Резултати за пребарувањето: а

абер | м.

Глас, вест, новост, порака. Го чекам абер да донесе. Им стори абер. Добив абер од војникот. Прати им абер да дојдат.

апеж | м.

Јадеж, непријатно чувство на кожата што тера на чешање. Беше готов да се расплаче од ужасен апеж.

атак | ж.

Вооружен напад. Атаките врз селото не престануваа.

арар | м.

Голема вреќа. Грабнаа јутени вреќи и арари. Дојде со два козинави арара.

ален | прид.

Алов, светлоцрвен. Ален цвет. Усни алени.

брца | несв.

Става нешто во некоја течност, најчесто во вода; топи, потопува. Детето ги брцаше рацете во нечистата вода.

баба 2 | м.

вок. бабо. Татко.

клас 2 | м.

Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма. Тој тргна во први клас гимназија. Тој го повторуваше класот.

адут | м.

Најсилна боја во картите за играње, најсилна карта. Ве молам, џандарот е адут во оваа игра.

Арап | м.

Припадник на народ во Северна Африка и Блискиот Исток.