Резултати за пребарувањето: а
паж | м.
Млад дворјанин во служба при дворот.
пат 1 | м.
а) Дел од земјиште во форма на долга лента, изграден за одење или за патување од едно место во друго, или разгазен со постојано минување. Колски пат. Шумски пат. Правлив пат. Каллив пат. Селски патишта. Стрмни патишта. б) Таков дел изграден на посебен начин за патување со возила. Макадамски пат. Асфалтиран пат. Пат со една коловозна лента. Локален пат. Меѓународен пат.
пат 2 | м.
Со броеви и со други зборови за количество го покажува бројот, количеството на повторување на бројот. Пет пати. Сто пати. многу пати. Неколку пати. Повеќе пати. Толку пати тврдеше дека си научил.
кај | прил.
Како прашален збор: а) На кое место. Кај ти е синот? б) Во кој правец, во која насока. А ти, кај ќе одиш?
јас | зам.
Лична заменка за прво лице еднина; се употребува за да се означи говорното лице. Јас сум студент. Јас го поканив да дојде. Јас не реков ништо.
јаз | м.
Бразда, жлеб, доводен или одводен канал за вода. Ја крадеа водата кришум едни од други со длабоки јазови.
јат | м.
Име на старословенска буква што означувала глас близок до широко /е/, а во стандардниот современ македонски јазик има рефлекс /е/; знак ѣ.
лав | м.
(зоол.) Вид голема дива мачка со жолтеникаво крзно и голема грива кај мажјаците; Panthera leo. Лавот е цар на животните.
иља | прил.
Само. Овие комшииве и родниниве твои, иља да те видат да плачеш ‒ срцето им се полни.
ива | ж.
Вид врба со широки елипсовидни листови; Salix caprea.