Резултати за пребарувањето: а

порота | ж.

Судско тело составено од граѓани, што учествуваат во донесувањето пресуда.

поруча | св.

појаде_1 Се изми, поруча и излезе надвор.

потаму | прил.

Со просторно значење – во определен правец, понапред, подалеку. Зад реката се касарните, а уште потаму голите и сиви ридови. Не сакаат да погледнат потаму од носот.

поцрта | св.

Црта малку, кратко време.

грагор | м.

Ситни речни камчиња или добиени со дробење камен, кои се користат како градежен материјал; чакал. Се влегуваше низ една алеја посипана со грагор.

запупа | св.

За пупунец – почне да пупа. Надвор запупа пупунец.

порани | св.

Стане рано наутро. Тоа утро порани, за да стигне навреме.

здрави | св.

Наздрави. Домаќинот здрави со гостите.

лепиња | ж.

Вид тркалезен мек леб. Ја наполни лепињата со ќебапи и загриза.

порака | ж.

Тоа што се порачува некому; соопштение, известување испратено по некого. Дојде кај него и му ја соопшти пораката на стариот. Шифрирана порака. Кодирана порака. СМС порака.