Резултати за пребарувањето: а

мига | несв.

Несвесно спојува (затвора и отвора) клепки. Мигаше со очите и зборуваше.

млад | прид.

Што е роден неодамна, што е на помала возраст; стар. Млад човек.

Амур | м.

Река во Азија.

авра | ж.

Еврејски храм, синагога.

мува | ж.

Инсект од родот двокрилци, со многу подвидови. Муви го лазат месото, ќе го наплукаат. Го облетуваа роеви муви.

муза | ж.

Божица, заштитничка на некоја уметност или наука, една од деветте Зевсови ќерки. Признава дека го бере она што го даваат музите. Музата на поетот. Музите молчат кога зборува оружјето.

каик | м.

Чамец, чун.

над- | предл.

(нат- пред безвучна согласка) Глаголите со оваа претставка најчесто значат: а) дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл. (надвика, надгласа, надживее, наттрча, натпее, натпие, натфрли), б) извршување на дејство над нешто, одозгора (надвисне, надлета, наднесе, наткрили). Кај именските зборови означува: а) објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор (надградба, надвозник), б) лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата (надвојвода, надбискуп, надбискупија), в) определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто (надбубрежен, надморски, надземен, надгробен), г) признак во определена мера (натпросечен, натчовечки), д) дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата (наднационален, натпартиски).

нали | чест.

баба 2 | м.

вок. бабо. Татко.