Резултати за пребарувањето: а
веслач | м.
Тој што весла. Таа седеше напред, со лице свртена кон веслачот.
операт
Зборот е поврзан со:
иззоба | св.
Со зобање изеде до крај, целосно. Го иззоба грозјето.
лепила
Зборот е поврзан со:
затвор | м.
Место, зграда каде што се затвораат осудени лица заради издржување казна. Воен затвор. Истражен затвор. Градски затвор. За ова се оди во затвор.
влечка | ж.
Обувка што се навлекува со отворен заден дел. Невестата се појави со влечки на нозете.
насели | св.
Доведе, смести некого да живее на некое место. Бегалците ги населија во една напуштена рударска населба.
изигра | св.
Одигра вид игра, улога и сл. Јас изиграв неколку партии шах со внукот. Невестата изигра едно оро. Нашите актери ги изиграа успешно своите улоги во филмот.
влечка | несв.
Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата. Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја.
бархет | м.
Вид памучна ткаенина со ленена основа; Порхет. Пижамата е од бархет.