Резултати за пребарувањето: а
игла | ж.
Тенка метална прачка со остар врв на едниот крај и со мало дупче на другиот за вденување конец. Игла и конец. Танка игла. Игла за шиење. Врв од игла.
гаќи | и.
Долна облека, обично од памук, за долниот дел од телото, со или без ногавици. Човекот на себе имаше само кошула, гаќи и нови опинци.
Кина | ж.
Држава во Азија.
кима | несв.
Со движење на главата изразува согласување или незадоволство, загриженост и сл.; поздравува со такво движење на главата. Тој ги одобруваше неговите зборови кимајќи со главата. А господинот при поздрав само учтиво кимаше со главата.
Арап | м.
Припадник на народ во Северна Африка и Блискиот Исток.
арар | м.
Голема вреќа. Грабнаа јутени вреќи и арари. Дојде со два козинави арара.
арач | м.
Данок што се собирал во времето на османската власт од немуслиманското население. Собираа арач по една лира од глава.
барз | прид.
Назив за коза или за овца со бели пруги по главата или по телото.
клан | м.
(истор.) Родовска заедница во Шкотска и Ирска.
игра | ж.
Активност заради забава и разонода. Детска игра ‒ криенка. Тоа беше смешна игра ‒ борење со рамена. Децата се забораваат во игри. Тоа не беше никаква игра туку тепање.