Резултати за пребарувањето: а

фрла | несв.

фрли. Таму ќе фрламе мрежи. Фрлај што не е требно.

фуга 1 | ж.

Полифонична музичка композиција во која партиите, темите се повторуваат според определени правила.

фуга 2 | ж.

Меѓупростор, процеп меѓу ѕидани цигли, камен, залепени плочки и сл. исполнет со некаква смеса. Остави мали фуги на плочките.

врба | ж.

Листопадно дрво или грмушка од таа фамилија што расте крај вода или на влажна почва; Salix. Од врбите капеше слатка мана. Над реката врби никнат. Врба на речниот брег.

баба 2 | м.

вок. бабо. Татко.

каде | предл.

Определба за место; кај. Го нашле каде црквата и го врзале. Каде вас има убави моми.

како | предл.

Означува споредба. Како Струга нема друга. Ист е како вујко му. Брз како стрела.

боза | ж.

Ориентален, безалкохолен, матен пијалак од квасец и пченкарно брашно. Се освеживме со ладна боза.

хула | ж.

Груб напад со зборови, навреда, исмевање на нешто што е свето. Безбожна хула.

цака | ж.

Начин, постапка што треба да се знае или да се открие за да може да се направи нешто. Му ја најдов цаката. Му ги знам цаките.