Резултати за пребарувањето: г
грли | несв.
Припокрие растение со земја околу коренот (пченка, компири и сл.). Цел ден без почивка грлел пченка.
гриз 2 | м.
Ситно сомелено жито што се користи за исхрана, особено за мали деца. Бебето го ранеа со кашичка од гриз.
грло | ср.
Горниот дел од внатрешноста на вратот што се наоѓа меѓу усната празнина и хранопроводникот. Ме боли грлото кога голтам.
Грац | м.
Град во Австрија
град 2 | м.
Природна појава, смрзнати капки дожд. Годинава градот го столчи бостанот.
грга | несв.
Тече силно, обилно истекува. Од чешмата гргаше вода.
грми | несв.
безл. Создава силен звук при светнување на молња. Ноќеска грмеше, ама не заврна.
грош | м.
Турска ситна монета од 40 пари.
горе | прил.
Место што е високо во однос на друго место; долу. Горе во планината виеја волци.
горд | прид.
Што има високо мислење за себе. Та тие викаат по вас дека сте човек честољубив, горд.