Резултати за пребарувањето: лук
лук | м.
Зеленчуково растение со подземно стебло во облик на главица од чешниња и зелени перца над земјата; Allium sativum. Леа со лук.Чешне лук. Мириса на лук.
олук | м.
Жлеб или лимена цевка низ која истекува водата, дождовницата. Отспротива по олукот уште тропа дождовницата.
кулук | м.
(истор.) Вид данок; работна обврска на селаните кон феудалниот господар или спахија. Тој собира луѓе за кулук.
лукав | прид.
Што е дволичен, што ги крие вистински те чувства и мисли, обично со лоша намера; препреден, итар 3. Лукав човек. Лукав како лисица.
јалук | м.
Место на овенот каде што волната не е стрижена, туку е оставена како украс.
крлук | м.
Овчарски стап свиткан на крајот со кој се фаќаат овците за ногата. Дојде еден овчар со крлук во раката.
булук | м.
Стадо, крдар, мноштво животни. Горе во тумбата излезе булук брави.
клука | несв.
Колве. На нивата врапците клукаа зрна. Косовите наесен ги клукаа гроздовите.
луков | прид.
Што се однесува на лук. Луково семе. Лукови перца. Лукови главици.
плука | несв.
плукне_1