Резултати за пребарувањето: под

подлока | св.

За вода ‒ поткопа одоздола. Поројот го подлокал патот. Водите на реката ги подлокале корењата на дрвјата.

подврне | св.

За дожд, снег и сл. ‒ врне слабо, малку. Дождот подврнал пред тоа и во воздухот немаше прашина.

подлути | св.

За рана ‒ влоши состојба, раздразни рана, болно место. Таа маст само ја подлути раната.

октопод | м.

Мекотело морско животно со две крупни очи на главата и со осум краци на кои има пипала; Octopidae.

подбира | несв.

подлога | ж.

Основа, темел, база на што се гради објект, се поставува нешто друго. Цврста подлога. Песочна подлога. Влажна подлога. Дрвена подлога.

подмама | ж.

Лага, измама. Нè изигра кадијата со подмама

подбиде | св.

Испроба, искуша малку некого, наведе да се искаже за нешто, да открие своја намера, тајна, мислење и сл. Подбиди го дали знае што има ново в чаршија.

подјаде | св.

Нагризе одоздола малку, во некоја мера. Глувци ги подјале вреќите со брашно. Црв го подјал коренот на цвеќето.

подлаже | св.

Лаже малку, има навика да лаже по малку. Тој ќе подлаже овде-онде.