Резултати за пребарувањето: под
подаде | св.
Даде од рака в рака некому нешто. Подај ми го чадорот. Да ви ја подадам стомната, вода да не ви притреба.
подвив | м.
Раб на облека. Подвивот на здолништето се отшил.
подвид | м.
Збир од единки што се разликуваат по некои заеднички обележја во рамките на истиот вид (во систематизацијата на животните, растенијата итн.).
подвие | св.
Свие на некој начин. Девојчето ја подви страницата на книгата до каде што стаса при читањето.
подвир | м.
Место каде што се збира слаба вода, каде што водата се вири.
подбор | м.
Избор, одбир на лица или на предмети. Секретарката ќе врши подбор на архивска граѓа. Наставникот прави подбор на текстови за ѕидниот весник.
подвои | св.
Раздвои, подели на две, разедини. Одлуката на директорот го подвои колективот на две.
господ | м.
Вокатив господе и господи. Христијански бог. Во Господ се верува постојано и искрено, и кога нè помага, и кога одмага!
подари | св.
Даде некому подарок; дарува. Подари му книга за роденденот.
подели | св.
а) Раздели целина на делови. Домаќинката го подели тестото на десет еднакви дела. Учениците го поделија теренот на два дела. б) (мат.) Врши операција на делење. Бројот 10 ќе го поделиме со два и потоа ќе го помножиме со три.