Резултати за пребарувањето: сок

висок | прид.

а) Долг во вертикален правец, што е со голем раст, што има голема раз–далечина оддолу нагоре, низок. Тој е повисок од сите во класот. Највисока зграда во градот. Високи балкони. Околу куќата имаше висок плет. б) Што има димензии по вертикала поголеми од просечните. Високо чело. Високи топуци.Висок раст. в) Што има точно одредена димензија, изразена со мерна единица. Таванот е висок 2.70. Кошаркарот беше висок 2 метра и 5 сантиметри. Карпата беше висока преку сто метри.

восок | м.

(само едн.) Жолтеникава материја што ја лачат пчелите и од која прават сот. Да ми донесеш еден кравај восок.

сокај | м.

Вид превез, дел од невестинска народна носија.

песок | м.

Ситни тврди делчиња откршени од камена маса во различна форма и големина. Ситен песок. Зрно песок. Речен песок. Пустински песок. Под нозете крцкаше песок.

сокапе | св.

Скрши, искрши нешто. Уште нова, колата ја сокапал.

вресок | м.

Краткотраен силен глас, писок. Чу вресок од моми и жени. Страшно го потресе вресокот. Вресок на мачки.

соколи | несв.

Поттикнува некого на храброст, влева некому храброст, охрабрува некого. Победата ги соколеше младите војници.

кресок | м.

Глас на крескање. Кресок го расцепи небото. Се разнесе кресок на сојка.

блесок | м.

Силен, заслепувачки сјај, силен отсјај. Блесок на месечева светлина. Блесок на громови. Утрински блесок. Две сини очи истураа влажен блесок. Чудесен блесок во очите.