Резултати за пребарувањето: суд

суд | м.

(лог.) Еден од битните елементи на формалната логика во кој, во вид на реченичен исказ, нешто се тврди или се одрекува.

суди | несв.

За судија или суд ‒ решава судски процес. Ќе им суди на разбојниците. Му судеше воен суд.

осуда | ж.

пресуда. Тој беше ослободен од секаква осуда и пуштен на слобода.

суден | прид.

Глаголска придавка од суди.

Судан | м.

Држава во Африка.

суден | прид.

Во изразите: На судниот ден ‒ на последниот ден на светот кога ќе им се суди на живите и на мртвите. Судни маки ‒ големи, тешки маки предодреди од божјиот суд.

осуди | св.

Изрече пресуда против некого. Судот го осуди убиецот на смрт.

судир | м.

Силен удар на две или повеќе тела, предмети меѓу себе. Директен судир на две возила со смртни последици за возачот. Судир на два воза.