Резултати за пребарувањето: так

так | м.

Билијардски стап.

така 1 | прил.

На тој начин, на таков начин, на еден определен начин. Оди по улица, сè така како да брза на работа. Тој сега ми кажа дека не е крив и дека така наредил воспитувачот. Тогаш сите така се облекувавме и чешлавме.

така 2 | сврз.

Во сврзнички спој на дистанција: како ...така и ... за да се искаже еднаков степен во нешто. Таа се застапуваше како за нив така и за нас. Сето ова е добро како за децата така и за родителите.

такт | м.

(муз.) Основна ритмичка единица во музиката, танцот и сл.; метричка стапка. Мелодијата има седумосмински такт.

така 3 | чест.

За изразување согласност и како потврда кон исказот. Така, сега сите сме на своето. Така е, имаш право – потврди тој.

атак | ж.

Вооружен напад. Атаките врз селото не престануваа.

батак 1 | м.

Блато, мочуриште, кално место. Водата од изворот над текот на реката правеше голем батак околу куќичето. Зацапа во батакот, започнаа да му пропаѓаат нозете.