Резултати за пребарувањето: ум
ум | м.
а (филоз.) Способност на човекот да мисли, да сознава, да расудува теоретски и практично. б) (разг.) Способност за правилно расудување; памет, разум. Бистар ум. Болниот ум тешко може да ја разбере оваа промена. Помрачен ум.
шум | м.
Неопределен звук, ненамерно или намерно произведен при извршувањето на некоја дејност или при некакво дејство; звук. Таинствен шум. Се слушна некаков шум од визбата. Тивки шумови. Шумови од телевизорот.
бум | м.
Настан што оддекнува, за кој се слуша и се зборува, сензационален успех, напредок. Иако не свиреа комерцијална музика, направија бум на рок-сцената.
сум | несв.
бум | изв.
За подражавање звук при силен тресок, експлозија, истрел и сл. По десетина минути чув: бум, бум.
ума | ж.
Вид глина со која ги мачкале подовите и ѕидовите на собите, а се употребувала и за миење на косата.
кум | м.
Сведок при венчавање или склучување граѓански брак. Кумот ни донесе голем подарок за нашата свадба.
ѓум | м.
Голем бакарен сад за вода, ракија, вино, млеко. Го наполни ѓумот со вода. Во раката стегаше ѓум со ракија.
рум | м.
Вид жесток пијалак што се добива со дестилација на превриена меласа од шеќерна трска. Шише рум. Чај со рум.
дума | ж.
(дијал.) Збор. В полиција дума не рече. Секоја негова дума кажуваше пророштво. Со други думи речено.