заљуби | св.

Почувствува љубов спрема некого, засака некого. Тој ја заљубил поповата ќерка и ја зел за жена.

заљублив | прид.

Што лесно се заљубува. Заљублива девојка.

замав | м.

Силно и енергично движење со крената рака, обично при удар или при фрлање. Со еден замав го фрли противникот во калта. Со брз замав го тргна јорганот.

замава | св.

Почне да мава, да удира. Тој замавал со стапот по грбот на магарето.

замавнат | прид.

Што е со замав, што содржи замав. Стоеше со замавнат стап во раката.

замавне | св.

Направи замав со рака или со нешто во раката (обично за да удри по некого или по нешто). Тој замавна со раката и ме турна назад. Замавнав со стапот низ воздухот. Тој замавна со сабјата.

замавнување | ср.

Со брзо замавнување ја скина гранката.

замавта | св.

Почне да мавта. Тој замавта со рацете. Кучето ја замавта опашката кога ме виде.

замаглен | прид.

Што е прекриен со магла. Замаглена планина. Замаглени пејзажи.

замагли | св.

Покрие, прекрие со магла. Маглата што падна вчера го замагли градот.