замрзнат | прид.
Што е претворен во мраз, во лед. Замрзната вода. Замрзнато езеро.
замрзне | св.
За течности – мине во состојба на мраз, стане мраз. Ноќеска замрзнала водата во цевките.
замрзнувач | м.
Голем фрижидер за длабоко замрзнување на прехранбени артикли: месо, зеленчук и сл. Замрзнувачот им беше полн со продукти.
замркне | св.
Дочека мрак, ноќ. Замркнавме пред да влеземе во селото.
замрлуши | св.
замрмори | св.
Почне да мрмори; Штом ме видоа, замрморија со неразбирливи гласови.
замрсен | прид.
Што е заплеткан, исплеткан. Замрсен јазол. Замрсена волна.
замрси 1 | св.
За конец, за јаже, за коса и сл. – направи да биде во неред; заплетка, исплетка. Таа го замрси конецот со кој везеше. Ветрот ѝ ја замрси косата.
замрси 2 | св.
Почне да мрси, да јаде мрсна храна. Одвај дочека да заврши постот и да замрси.
замуабети | св.
Почне да прави муабет. Двете жени гласно замуабетија.