замука | св.

Почне да мука; мука. Наблизу некаде замукаа крави.

занает | м.

Стопанска дејност (производство, обработка, разни услуги) што се извршува предимно рачно (со соодветен алат, со машини) од стручно оспособени лица. Ѕидарски занает. Столарски занает. Терзиски занает.

занаетчија | м.

Тој што се занимава со определен занает. Чевларски занаетчија. Занаетчиите од чаршијата имаат свое здружение.

занаетчиски | прид.

Што се однесува на занаетчијаи на занает. Занаетчиска работа. Занаетчиска работилница.

занаетчиство | ср.

Практикување на занает, занаетчиска дејност. Развојот на трговијата и занаетчиството оди по нагорен пат.

зандана | ж.

Затвор, темница. Три месеци лежел во зандана.

занемарен | прид.

Што е запоставен, запуштен. Занемарено дете. Занемарени обврски.

занемари | св.

Престане да се грижи, да води сметка за некого или за нешто; запостави, запушти. Синот го занемари имотот и тој почна да пропаѓа. Таа го занемари детето. Тој го занемари учењето.

занемарлив | прид.

Што може да се занемари. Занемарлива работа.