заплука | св.
Почне да плука. Децата заплукаа по патот.
заплуска | св.
заплиска_2_3
запне | св.
а) Запре, наиде на пречка при движење. Ралото запна на една жила од коренот на оревот. б) Закачи дел од облеката за нешто при движење. Тој ги запнал панталоните на една грмушка и ги скинал.
заповед | ж.
Тоа што писмено или усно се наредува да биде задолжително исполнето; наредба. Царска заповед. Даде заповед. Се чека заповед. Ја исполни мојата заповед. Излезе заповед за декларирање на стоката.
заповеда | св. и несв.
Даде, дава заповед, нареди, наредува некому. Овде јас заповедам. Тој заповеда да му донесат ручек.
заповеден | прид.
Што содржи или изразува заповед; што е строг, остар. Заповеден тон.
заповедник | м.
Тој што заповеда; тој што управува, што раководи. Воен заповедник. Врховен заповедник.
заповеднички | прид.
Што се однесува на заповедник. Заповедничка служба.
заповедништво | ср.
(само едн.) Право на заповедање, на командување. Власта во градот е под заповедништво на сојузничките сили.
заповедува | несв.