зачас | прил.

Веднаш, за миг, за момент. Човекот зачас исчезна од улицата. Мачката зачас се најде во скутот на бабата.

зачека | св.

Почне да чека. Првачињата уште рано зачекаа во училишниот двор. Тој застана на прозорецот и зачека.

зачекори | св.

Почне да чекори. Девојчето кротко зачекори напред. Тој само што зачекори, застана и се поврати.

зачепи | св.

Затвори со чеп; затне. Откако наточи од виното, тој повторно го зачепи бурето.

зачепка | св.

Почне да чепка; чепка. Зачепка нешто од вратата.

зачестен | прид.

Што се повторува често. Тој си ги наслушуваше зачестените удари на срцето. Над мирното езеро се разнесоа зачестени пукотници.

зачести | св.

Почне да прави нешто често. Тој зачести да оди кај нив. Вие зачестивте со планинарење.

зачетен | прид.

Што е во зачеток. Зачетен период. Работата е во зачетна фаза.

зачетник | м.

Тој што почнува нешто, иницијатор. Тој е зачетник на македонската уметничка поезија. Овој наш диригент е зачетник на забавно-музичката традиција во земјата.

зачеток | м.

(книж.) Почеток, навестување на нешто. Зачеток на нова ера. Зачетокот на лирската поезија е уште во народната поезија.