зачеша | св.

Почне да чеша. Тој ја зачеша главата.

зачешла | св.

Почне да чешла. Таа ја зачешла долгата бујна коса со бавни и хармонични движења на рацете.

зачешлан | прид.

Што е со уредна коса, брада, мустаќи. Зачешлана коса. Зачешлани мустаќи.

зачин | м.

Продукт што се додава на јадењето за подобрување на вкусот; мирудија. Егзотичен зачин. Ручекот имаше многу зачини.

зачина | несв.

Почне да прави; Соседот не застанува, заврши една работа, зачини друга.

зачини | св.

Додаде зачин во јадење. Таа ја зачини салатата и ја постави масата за ручек.

зачипчи се | св.

Се залепи за некого, за нешто, цврсто се држи. Тој се зачипчи за пријателот. Орелот се зачипчи со канџите за карпата.

зачирика | св.

Ономатопеја. Почне да чирика, да чирилика. Некаде врабец зачирика.

зачисли | св.

Вброи, вклучи. Тој ја зачисли и својата друшка во истата чета. Оди, нека те зачислат во списокот.